Економија 16. април 2018. / 17:54

Скопски саем демантира: Не сме банкротирани

Скопски саем демантира: Не сме банкротирани

По повод информацијата излeзена во одредени портали дека Скопски саем е банкротиран, а со цел правилно да ја информираме јавноста, Групациjа Скопски саем  најостро ја демантира горенаведената информација.

Очигледно целта е да се оправда најавеното рушење на саемскиот простор, односно деловните објекти во кои до сега се одржуваа саемските манифестации на Град Скопје и Република Македонија и кои сe единствени, во кои може да се спроведуваат вакви манифестации.

Би сакале да информираме дека Скопски саем е еден од најстарите брендови на на Град Скопје кој постоел 67 години и ќе постои во иднина. Групациjата Скопски саем ја става на располагање својата домашна и меѓународна деловна мрежа на сите институции, деловни субјекти и проекти со цел развој на економијата во Република Македонија.

Групациjа Скопски саем е единствеиот саемски оператор, член на 3 светски и европски Саемски Асоцијации преку кои на редовна основа се разменуваат бизнис идеи, деловни соработки и споделувања на know-how во овој сегмент кој е клучен за екониомскиот развој на секоја земја.

Ве информираме дека Групациjа Скопски саем побара одржување на манифестациите во постоечките хали, но вештачките услови кои што беа поставени од новиот сопственик не дозволија одржување на истите.

Групациjата Скопски саем е во активна комуникација со Владата на Република Македонија и општина Гази Баба за изнаоѓање на трајно решение Град Скопје и Република Македонија да не останат без саемски простор.