Економија 15. јануари 2021. / 20:09

Скопски пазар ставен на „Листата за Набљудување“ на Македонската Берза

Скопски пазар ставен на „Листата за Набљудување“ на Македонската Берза

Одборот на директори на Македонска Берза донесе заклучок за внесување на издавачот Скопски пазар АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото Скопски пазар АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што до друштвото е доставена Намера за објавување на понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.

Ставањето на листата на набљудување не треба да се сфати како нешто лош, напротив тоа укажува дека постои активност и дека процесот е транспарентен.

Според соопштеното „Современ дом“ и „ЗСФ ком“ имаат намера да ги пресемат сите обични акции со право на глас издадени од „Скопски пазар“ по цена од 6.500 денари.

Претходно известивме за Голема промена во сопственичката структура на Скопски Пазар.