Економија 19. март 2020. / 16:57

Скопската фабриката „ВанХол“ може да шири „Корона“: 1200 вработени на половина метар растојание – без заштита!

Скопската фабриката „ВанХол“ може да шири „Корона“: 1200 вработени на половина метар растојание – без заштита!

Во денови кога епидемијата на корона вирус во Македонија зема серозен и загрижувачки замав и препораките за седење дома и избегнување контакт со други луѓе стануваат се посилни фабриката „Ван Хол“, што се наоѓа во индустриската зона Бунарџик претставува потенцијална опасноист за брзо и масовно ширење на вирусот.

Како што сведочи за „Лидер“ вработен во фабриката, низ погоните не се преземаат речиси никкави или има само минимални мерки за заштита на вработените.

Работиме со полно работно време на помалку од половина метар растојание, при што во погон сме по 300, па и повеќе луѓе без никаква заштита. Диркеторот не сака да чуе за обезбедување заштитни мерки, а во целата фабрика има околу 1.200 луѓе – вели вработениот.

Да биде опасноста од појава и ширење на вирусот поголема, како што обелоденува овој вработен, во автобусите од организираниот превоз што ги носат работниците до фабриката, исто трака не се преземаат организирани мерки за заштита на луѓето што одат на работа.

А, доказ дека работењето во ваквите и слични фабрички погоно е ризично е и одлуката на фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“ која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“ во Битола, која од утре, па во наредните 14 денови, времено запира со работа.

-Производствтото целосно запира зашто мерките кои се преземаат во нашата држава и во Германија и Шпанија каде се транспортира целото наше производство ја наметнаа потребата од донесување на таа одлука. Заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука. Дистрибуцијата на производи за Шпанија ја прекинавме пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија – посочија од секторот за човечки ресурси на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола.