Волфганг Колер е новоименуваниот Генерален менаџер на Скопје Мериот хотел. Со преку 10 годишно искуство како Генерален менаџер, а 32 години во Мериот компанијата, Колер во Скопје доаѓа од Нижни Новгород, западна Русија, каде што го отворил првиот интернационален хотел со 5 ѕвезди – Sheraton Nizhny Novgorod.
Колер, првпат на Мериот хотелите се приклучува во 1986 година со првата позиција во Виена Мериот хотел, по што следат хотели во повеќе земји низ целиот свет меѓу кои и Полска, Германија, Соединетите Американски Држави, Костарика, Турција, Унгарија, и Русија. Неговата прва позиција како Генерален менаџер беше во Courtyard Istanbul Airport хотел во 2009 година.
Работејќи во различни земји и култури, Волфганг Колер се стекнал со богато искуство и големо знаење во угостителскиот сектор. Како претходни успешни професионални достигнувања се вбројуваат отворањето на Courtyard by Marriott Istanbul, во Турција, како и на првиот Мериот хотел во Русија, во Иркутцк источно од Урал, исто така Courtyard by Marriott.
Во низата задолженија и ангажмани, постигнува завидни резултати во кој било дел од работата, и се афирмира во врвен професионалец кој што постојано бара нови начини да го надгради искуството на гостите во кој било од Мериот хотелите.
Македонија е 10та земја каде Волфганг Колер работи во хотелите Мериот.