Економија 30. декември 2020. / 17:52

Сите со блокирани сметки ќе ја добијат финансиската помош по Нова година

Сите со блокирани сметки ќе ја добијат финансиската помош по Нова година

Граѓаните со блокирани сметки ќе ги добијат парите по Нова година, тврдат од Владата.

Парите ќе стојат резервирани на посебна наменска сметка и нема да се вратат во државната каса. За таа цел Министерството за финансии подготвува законски измени, кои треба да ги поминат собраниските филтри па дури тогаш граѓаните да добијат по 6.000 денари. Станува збор за околу 28.000 лица.

-Банките се повикуваа на законскиот рок, 25 декември, и затоа со вчерашната одлука на Владата го надминуваме и тој проблем со измена на законот, со што се продоклжува рокот за ажурирање на податоците за да може граѓаните да ги добијат парите. Процесот очекуваме да заврши во јануари, откако претходно, се разбира, ќе помине во Собрание, вели Арсовски.

Арсовски вели дека најголем дел од приговорите кои не биле прифатени се однесуваат на граѓани кои веќе добиле помош со претходниот сет на мерки. Досега се исплатени близу 23 милиони евра од планираните 27.

-За одбиени поединечни случаи рече одговори може да се побараат од институциите од чии евиденции се преземени податоците за граѓани на кои им следува оваа помош, како Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, додаде тој.

Приговор поднесоа дури 78.000 лица кои мислат дека ги исполнуваат условите, а ги нема на листатата. Од нив, Владата прифати само 3 осто, односно над 2.000. Најголем дел од нив се пензионери и млади лица.