Со овој потег практично швајцарците, преку „Еуроникел“, станаа најголем инвеститор во „Фени“, бидејќи со отворањето на стечајната постапка ги откупија сите побарувања и станаа единствен доверител на „Фени“.
Од листата на доверители на кавадаречки „Фени“ излезе и бугарската компанија „Енекод“, откако го продаде сопственото побарување на „Еуроникел“, македонската подружница на швајцарската компанија „Гсол“.
Истовремено „Еуроникел“ стана и закупец на комбинатот во периодот додека заврши стечајната постапка. Рестартирано е производството на едната електро печка, работно се ангажирани 800 работници, кои месечно испорачуваат околу 1.100 тони никел.