Економија 03. јули 2018. / 13:12

„Силк роуд банка“ ја зголеми добивката за 4 пати

„Силк роуд банка“ ја зголеми добивката за 4 пати

„Силк роуд банка“ лани ја зголеми нето добивката од работењето за речиси 4 пати во споредба со 2016 година, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независните ревизори. Имено, „Силк роад банка“ по превземањето на грчката „Алфа банка“ успеа да направи консолидација на позициите и во услови на намалени приходи од камати да направи добивка од 760.500 евра. Клучни параметри за успехот на банката се редукциите направени кај трошковните ставки.

Најглавниот и најголем приход – каматите на нето ниво лани беа 2,5 милиони евра и тоа е за околу 70.000 евра помалку од 2016 година. Минимална компензација на ова намалување имаше кај втората по големина приходна ставка – нето приходите од провизии и надоместоци каде банката реализираше нето 600.000 евра или 81.000 евра повеќе од 2016 година. Останатите приходи од дејноста на банка учествуваат со 2,5 милиони евра и тука нема поместувања во однос на 2016 година.

Лани има значајно зголемување на резервациите и тие на крај на 2017 година се на ниво од 1,9 милиони евра што е за за повеќе од 9 пати поголем упис на резервации во однос на 2016 година. Работата ја вади ставката загуба заради обезвденување на нефинансиски средства (т.е. на материјалните средства) кои донеле 1,5 милиони евра наместо да однесат пари во расход. Од паричниот тек на банката се гледа дека лани инкасирале околу 950.000 евра од продажба на имот што бил превземен заради ненавремена наплата на побарувања. Значаен импулс за позитивното работење на банката има и ставката трошоци за вработени кај која има намалување за 21 отсто односн за повеќе од 500.000 евра до износ од речиси 2,1 милиони евра.