Економија 21. мај 2019. / 17:26

Швајцарија им дава по 10.000 франци на македонски компании за тие да обучат кадар

Швајцарија им дава по 10.000 франци на македонски компании за тие да обучат кадар

Швајцарија им дава по 10.000 франци на македонски компании за тие да обучат кадар, но компаниите признаваат дека немаат механизам како да го задржат во земјава. Веќе се склучени договори со три компании од медицина, угостителство, електроника. Компаниите можат да обучат максимум 50 лица, но обврската е за три месеци да вработат 25. Велат свесни се дека младите им бегаат во Хрватска, Малта, Германија, но се среќни затоа што сега ќе имале барем систем по кој ќе го обучуваат и следниот кадар.

Зависи на кое работно место, на пример келнерите се 18.000 денари, собариците се 19.000. Ние ќе бидеме среќни ако они се обучат. Видете, тоа е борба, ако 18 е малку, ние ќе дадеме 19, 20.000. Видете многу е различно да зборуваме дека во Малта платата е 1.300 евра, кај нас е 300 евра, да, но кафето кај нас е 50 денари во Малта е 3,5 евра“, рече Огњан Циговски,сопствениик на два хотели во Битола и во Маврово.

Преку „Фондот за можности“ финансиран од Швајцарската агенција за развој компаниите треба да си го обезбедат стручниот кадар кој со години се жалат дека образованието не го произведува.

Овој проект ќе трае 10 години, тој е поделен во неколку фази од кои првата фаза трае 4 години. За финансирањето ан целиот проект се предвидени 12 милиони евра. А целта за вработени особени млади луѓе во првите четири години е 2.200- рече Стефан Томагин, заменик амбасадор на Швајцарија

Во моментов број еден дестинација за македонските работници е Хрватска, каде се нуди месечна заработувачка од над 1.000 евра, со обезбедено сместување и храна. А не помалку атрактивни се и Германија и Малта, каде македонските сезонци работат за плати и по три пати поголеми од македонскиот просек.

Со овиј проект се опфатени 7 клучни сектори во државата, угостителството, здравствоот и социјалата, личните услуги, земјоделието, секако и прехрамбената индустрија, машинствоот и ИТ секторот– рече Анета Трајковска, оперативен директор на Стопанската комора.