Економија 27. март 2019. / 10:49

Штрајк во земјоделскиот комбинат „Пелагонија” во Битола

Нов штрајк во земјоделскиот комбинат “Пелагонија” во Битола. Вработените бараат исплата на плати.

Во тек е состанок со вработените, а за половина час е најавена и изјава за медиумите од страна на финансискиот директор.

Неисплатените плати не се единствените проблеми со кои се соочуваат вработените во најголемиот земјоделски комбинат во Македонија. Се жалат дека три години се без К-15, а не добиваат ниту општествена храна.

Пред два месеци сопственикот на Комбинатот Орце Камчев заедно со Цветан Панделески, член на бордот на директори, завршија во притвор за случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој 13 мина се осомничени за злосторничко здружување, измама, перење пари и злоупотреба на службената положба.

Компанијата има долг кон банките од 23 милиони евра,а битолчани се изненадени како еден ваков земјоделски гигант, со големо производство на млеко, жито и други прехранбени продукти, субвенции, стига до ситуација да прикажува загуби.