Лошата недела во кинеската компанија и понатаму продолжува, овој пат повторно кај Xiaomi Corp.
Акциите на компанијата депрецираа за уште 4,84 отсто во Хонг Конг, зголемувајќи го тридневниот пад на 18 отсто, и достигнаа пазарна вредност од 6,5 милијарди долари, пренесува Bloomberg.
Акциите на Xiaomi беа отклучени за продажба по истекот на шестмесечниот период на блокирање, проследен од берзанското деби на компанијата. Ова им овозможи на многу акционери конечно да се приклучат на распродажба.
Огромните берзански трансакции покажуваат дека некои од нив ја искористиле можноста да се ослободат од своите акции, иако Xiaomi е далеку од цената од акција со вреднот од 17 хонконгски долари. Сега цената е околу 9,84 долари во Хонг Конг.