Економија 25. декември 2020. / 13:35

Шахпаска: 10 дена рок за разгледување на жалбите и приговорите за помошта од 6.000 денари

Шахпаска: 10 дена рок за разгледување на жалбите и приговорите за помошта од 6.000 денари

Министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција рече дека рокот за разгледување на жалбите и приговорите за државната помош од 6.000 денари од четвртиот пакет на мерки насочена кон стотици илјади граѓани има рок на разгледување од 10 дена. Истиот беше затворен на 21 декември.

– Законскиот рок за разгледување на приговорите е 10 дена, а за ова време ќе се изнајде начин како да се исплатат средствата за самохраните родители за кои вчера беше доставен список, рече Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање.

Најголем број на приговори се пристигнати од самохраните родители, а министерката вели дека исплатата на средствата ќе бидат исплатени на нивните сметки.

– Овие средства од 6.000 денари ќе ги добијат. Постои период на приговори, се разгледуваат жалбите и следниот рок ќе се одлучи на кои ќе им бидат прифатени жалбите и приговори. Ние не се откажуваме на сите да им ги исплатиме парите, наведе Шахпаска.

И самиот премиер Зоран Заев призна дека најголеми проблеми има со исплатата на државната помош наменета за самохраните родители.

– Државата располага со слаба евиденција на самохраните родители и апелирам на максимално широко толкување за тоа што е самохран родител за да може да бидат опфатени сите категории. Во буџетот има доволно пари, рече вчера Заев додека беше во посета на Осогово.