САД- Американскиот сенатор Џон Мекејн кој почина во саботата, во тестаментот побарал на неговиот погреб да одржат говор поранешните претседатели на САД, Барак Обама и Џорџ В. Буш, но исто така навел дека не сака да присуствува и актуелниот лидер на САД, Доналд Трамп.
Додека Мекејн беше жив, тој го критикуваше Трамп и не беше во добри односи со него. На погребот најверојатно ќе присуствува потпретседателот на САД, Мајк Пенс.
Приватната погребна церемонија ќе се одржи во четврток, а неделата ќе биде исполнета со најразлични случувања со кои ќе му се оддаде почит на Мекејн како пилот на морнарицата, воен заробеник, конгресмен, сенатор и кандидат за претседател на САД во два наврати.
Сенаторот на Републиканската партија од Аризона почина во саботата во 81-та година животот од рак на мозокот.