Економија 14. јули 2018. / 22:59

Седумдесет и девет микро, мали и средни претпријатија добија грантови од 10.5 милиони евра

Седумдесет и девет микро, мали и средни претпријатија добија грантови од 10.5 милиони евра

Конечно се додели грантови од првиот јавен повик за финансирање мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3. столб. Доделени се грантови во висина од 10.5 милиони евра, или 638 милиони денари, на 79 микро, мали и средни претпријатија кои аплицираа на првиот јавен повик за финансирање од Планот за економски раст.

Освен овие грантови, денеска во владата потпишавме и договор за државна помош со нова,  странска инвестиција, американската компанија ‘Теламон’, а идната недела, в понеделник следува уште една странска компанија“  рече премиерот Заев.

Тој порача дека заложбите на Владата се еднакво помагање на домашните и странските инвестиции.Заев најави дека следува и втор инвестициски бран со обезбедени средства од Владата, за поддршка на компании кои аплицираа со своите квалитетни проекти за третиот столб од Планот за економски раст.