Тоа е една од мерките која во насока на справување со појавата на COVID-19 вирусот, беше донесена на денешниот состанок на Регионалниот кризен штаб за општините Делчево и М. Каменица.
На состанокот свикан по иницијатива на Центарот за управување со кризи – Делчево, освен градоначалниците на Делчево и М.Каменица, присуствуваа претставници на сите надлежни институции како и јавните комунални претпријатија од двете општини, а беа усвоени и други препораки за преземање превентивни мерки за спречување на појавата и заштита од ширење на заразата од коронавирусот.
Основен заклучок е да се почитуваат мерките и препораките донесени од страна на Владата на РМ. Сите лица кои дошле од земјите со висок и среден ризик да ја почитуваат мерката самоизолација во траење од 14 дена. Доколки овие и други лица почувствуваат симптоми на болеста коронавирус-COVID 19, да не се упатуваат лично во здравствените институции туку да се јават на телефонот на ЦЈЗ 071-373-913 од каде ќе добијат насоки како да постапат и на кој начин ќе им биде извршено тестирање за болеста, информира Драган Балас, раководител на ЦУК Делчево.
Со препораките сите институции на локално ниво потребно е да извршат дезинфекција на работните простории и, доколку работат со странки, да обезбедат средства за дезинфекција на влезовите во институциите;
Приватните компании кои вршат превоз на своите работници со организиран превоз да вршат честа и редовна дезинфекција на возилата за превоз, да вршат честа и редовна дезинфекција на просториите и да преземат мерки за подигнување на хигиената во работните просториите. Советите на станарите во колективните живеалишта да извршат дезинфекција на влезовите и скалите во зградите. Јавната здравствена установа Здравствен дом „Гоце Делчев” – Делчево да обезбеди возило кое ќе има единствена намена да врши превоз на инфицирани лица или на сомнителни случаи до инфективните клиники согласно со претходна консултација и препорака од Центарот за јавно здравје, дополни Балас.
Како што додадоа од Центарот за управување со кризи Делчево, Единиците на локалните самоуправи во Делчево и М.Каменица имаат препорака да вршат редовна и честа дезинфекција на улиците, тротоарите и урбаната опрема во градовите и населените места, додека такси-компаниите и компаниите кои вршат јавен превоз на подрачјето на општините Делчево и М.Каменица да вршат честа и редовна дезинфекција на возилата.
Останува и апелот до граѓаните да не се крева паника и да не се врши панично купување залихи од храна, бидејќи маркетите и продавниците вршат редова дополна, а исто така на локалните маркети, продавници, аптеки и банки им е наложено да го ограничат бројот на присутни лица во исто време внатре во објектите со цел да се намали опасноста од можно ширење на оваа болест, да се одржување прописно растојание помеѓу посетителите, и поставување садови со раствор за дезинфекција на обувките на посетителите на влезовите во маркетите, дополнија од ЦУК Делчево.
Секоја институција има задача во наредниот период да назначи лице за координација и наредни состаноци и податоци за тоа лице да се достават до РЦУК – Делчево веднаш по добивањето на заклучоците.