Во месец Мај, во САД биле отворени 223.000 работни места, со што стапката на невработеност се намали на 3,8 %, односно е на најниско ниво во последниве 18 години, стои во месечниот извештај на Одделот за труд. Стапката на невработеност кај дипломираните студенти достигнала 3,9 %, што е најниско ниво последниве 17 години, додека кај Афро-американците, падна на ниво од 5,9 % што не најниска стапка на невработеност од 1972 година, кога за прв пат е измерена невработеноста кај оваа група на луѓе.
Во извештајот посведет на пазарот на труд, се додава дека просечната плата за еден час пораснала за 2,7 % споредено со истиот период претходната година. Сето тоа е резултат на намалените даноци и регулативи, односно на комплетната де-социјализација на американската економија, по доаѓањето на Администрацијата на Доналд Трамп
Некои економисти, сепак остануваат загрижени дека агресивните чекори на администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп во трговијата, можно е да го попречат растот. Американската влада во четвртокот воведе царини за увоз на челик и алуминиум од клучните сојузници во Европа, Канада и Мексико. Претходно неделава, официјални лица најавија царини спрема Кина врз производи, чии увоз од Кина во САД изнесува 50 милијарди долари.
Сепак, и покрај овие предупредувања објавени во март, повеќето инвеститори во САД, не го прекинале вработувањето.