Економија 15. јули 2019. / 18:40

Регулаторна ќе ја одредува крајната цена за водата

Регулаторна ќе ја одредува крајната цена за водата

Регулаторната комисија ќе бара од први јануари 2021 година да ја утврдува конечната цена на водата во општините и таа да важи една година. Во моментов тоа го прават советите на општините, а РКЕ утврдува најниска и највисока цена, пренесува Сител.

ОД РКЕ информираат дека од септември за 100 евра ќе поевтини и новиот приклучок за струја. За оваа услуга на Електро-дистрибиција домаќинствата наместо 500тини ќе и плаќаат 400тини евра.

Реално со одлуката на инвеститорите на згради ќе им се намалат трошоците по 100 евра од стан и очекувам тоа да им се одрази и на цената на становите. Го зголемивме и опфатот на стандардни приклучоци со цел повеќе граѓани при приклучувањето на своите куќи на мрежата да имаат намалени трошоци за услугата – изјави Марко Бислимовски претседател на РКЕ за Сител.

Целиот текст можете да го погледнете ТУКА.