Економија 18. ноември 2019. / 12:49

Регулаторна го објави новиот ценовник на горивата

Регулаторна го објави новиот ценовник на горивата

Регулаторна ги објави новите цени на горивата.

Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.11.2019 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува непроменета во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.11.2019 година и изнесува 62,00 ден/литар.