Универзитетскиот професор Гадаф Реџепи вечерва во гостување на ТВ21 зборуваше околу цената на нафтата во миговите кога секаде на светско ниво паѓа, а кај нас во понеделникот се зголеми.
-Најпрво, како што видовме од вашиот прилог, има промена на цените поради две причини. Првата е како резултат на падот на побарувачката, а втората е „битката“ меѓу претставниците на ОПЕК. Имам податоци дека тоа прашање е средено, но сега има пад на побарувачката. Ние треба да направиме разлика дека Македонија не е поврзана со цената на нафтата во Америка, туку со цената од европскиот пазар. Имам информации дека од 28 на 20 долари, има намалување, но не е драстично. Ова е добро за економијата, апсолутно во овие моменти кога сите се соочуваат со социјални проблеми и сите бизниси….обично ова влијае врз намалување на цените или врз зголемување на маржата на компаниите. Зависно како ќе се одрази. Досега немам слушнато за намалување на цените од страна на компаниите, превозниците или пак другите. Немам слушнато дека има намалување, што значи дека ја зголемиле маржата. Во овие моменти мислам дека за граѓаните е добро…. Во однос на зголемувањето на акцизата, од една страна треба да ја разбереме и државата, бидејќи и буџетот треба да се полни. Намалувањето на цената на нафта влијае многу. Минатата година приходите од акцизата за нафта беа околу 240 милиони евра. Значи, станува збор за големи бројки кои од некаде мора да се надоместат. Јас ова не го гледам трагично. Јас мислам дека за граѓаните потрагично треба да биде зголемувањето на долгот, бидејќи е интересно кога државата зема долг од 100, 200, 500 милиони евра, тоа кај граѓаните како да поминува многу лесно, но кога станува збор за зголемување на акциза за 3 денари, веднаш реагираат. Можеби ова ни чекпа во џебот, но јас мислам дека во моментов најзагрижувачки е долгот. Доколку не грешам имаме 700 милиони евра рата која треба да ја вратиме само годинава. Значи ова се многу големи бројки за толку мала економија како Македонија, вели Реџепи.