Лани во текстилниот сектор без работа останале 6.783 работници.
Пандемијата скрати 6783 работни места во текстилниот сектор, покажа анализата на истражувачкиот тим на Здружението за истражување и анализа (ЗМАИ)-Скопје.
Дури 15 проценти од младите учествуваат во невработеноста. Сознанијата покажуваат дека скоро во сите општини бројот на нови невработени лица по основ на одјавување од задолжително социјално осигурување кои доаѓаат од текстилната индустрија се зголемува, стои во анализата на ЗМАИ. Нивното истражување покажува дека пет општини со највисок пораст на невработеноста се: Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово. Во овие пет општини текстилната индустрија е и најразвиена и има најмногу активни субјекти. Кај младите лица до 29 години, бројот на невработени се зголемува. Петте општини со највисок пораст на невработеноста кај младите се: Штип, Струмица, Радовиш, Прилеп и Кочани.