Потфрлањето на капиталните инвестиции е главна причина што Владата реши да скрои ребаланс на буџетот, а доцна синоќа го усвои на седница и го испрати во Собранието. Заради слабата реализација, капиталните расходи ќе се скратат за 92 милиони евра, и тоа се всушност парите што беа наменети за гасоводот каде што сега е забавена динамиката, како и за Клиничкиот центар во Скопје, чија изградба е откажана Овие париќе се пренаменат главно за општините, како и 29 милиони евра за Фондовите за пензиско и здравствено осигурување.
„Со ребалансот на буџетот општините ќе добијат 50 милиони евра со цел да ги исплатат натрупаните стари обврски и да можат да почнат нормално да функционираат, но за овие средства да не завршат во бунар, многу брзо ќе се изготват законски механизми со кои тие ќе се спречат да трупаат нови долгови“.,вели министерот Драган Тевдовски.