Друштвото за произвотство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, преку демант реагираат на изјавите кои на прес-конференција вчера ги изнесоа претставници на Здружението за заштита на правата на акционерите во Топлификација АД-Скопје.
Оттаму како целосна лага и лицемерие ги наведуваат обвинувањата на директорот на Топлификација во стечај, Димитар Хаџи Мишев, дека ТЕ-ТО при реализација на така наречената толинг соработка, во која снабдувачот со природен гас му дава попуст на ТЕ-ТО со услов тој да биде екслкузивен купувач на електричната енергија, нанело штета на компанијата и на тој начин компанијата перела пари.
– Заради ваквата соработка, ТЕ-ТО АД остваруваше дополнителен бенефит, а не загуба. Имено Топлификација е таа која не само што ја поддржа туку и инсистираше на ваков модел на соработка, стои во реакцијата на ТЕ-ТО АД.
Според нив, небулозно е и обвинувањето дека инвестицијата на странскиот акционер во ТЕ-ТО која е
неколкукратно повисока од таа на Топлификација е резултат на перење пари.
-Кога странскиот инвеститор ги инвестираше финансиските средства, Топлификација ги одобруваше заемите преку Надзорен одбор, а Г-дин Хаџи Мишев се фалеше по медиумите дека донел странски инвеститор да инвестира финансиски средтсва во ТЕ-ТО, велат од ТЕ-ТО.
Понатаму реагираат за пријавата за наводно перење пари, која велат дека е иницира по барање на
Топлификација е целосно анализирана, испитана и отфрлена од Обвинителството како неоснована, имајќи го фактот, фелат од фирмата, дека се работи за сериозна компанија во која има инвестирано и Германската банка Ландес банка Берлин, членка на Шпаркасе групацијата која е најголем надворешен кредитор на компанијата и сите зделки во ТЕ-ТО се под надзор на банката.
Како неосновани и лажни ги наведуваат и обвинувањата дека ТЕ-ТО во планот за реорганизација потврдува
дека работел непазарно преку толинг соработката. Велат, напротив, со толинг ТЕ-ТО добивал подобри услови од пазарните, но не доволно добри за рентабилно работење.
Во реакцијата наведуваат и дека компанијата ЕДС во соработката со ТЕ-ТО добивала некаква ексклузивност е потполно неоснована и лажна, а во врска со обвинувањата за лажен стечај, велат дека, само пред една година Топлификација поднела барање за стечај на ТЕ-ТО со свој алтернативен план за реорганизација, потврдувајќи дека причините за стечај се објективни и дека постоеле услови за реорганизација.
За наводите дека ТЕ-ТО има добивка од 120 млн. евра во 2018 година велат дека се целосно манипулирање со јавноста, бидејќи се одмолчува фактот дека тоа е само пресметковна добивка заради отпис на обврските на ТЕ-ТО потврдени во судска постапка од кои скоро сите се по основ на инвестиции на акционерите во ТЕ-ТО АД.
– Со таканаречената државна помош оваа административна давачка државата само ја одложи, но не му ја прости на ТЕ-ТО како што би било ред согласно европските препораки. Всушност со планот за реорганизација државата непланирано доби побарување од ТЕ-ТО од дополнителни 16 милиони евра не заради деловната активност на ТЕ-ТО туку заради тоа што е направен отпис на влогот во компанијата на неговите акционери. На тој начин државата направи добра зделка за себе затоа што го задржа деловниот потфат на ТЕ-ТО и обезбеди континуирани годишни приливи од ТЕ-ТО во државата од 6-8 млн евра, како и дополнителни 16 милиони евра подарок од ТЕ-ТО кон државата, а кој ТЕ-ТО ќе го плати после 9 години, се вели во реакцијата на ТЕ-ТО.
На крајот од реакцијата од ТЕ-ТО велат дека единствено рационално објаснување на ваквото поведение на менаџментот на Топлификација е да ја сокрие својата бизнис одговорност за инвестициската одлука да се гради толку скапа ивестиција во ситуација кога немало долгорочен договор за природен гас и електрична енергија, монополизиран пазаар на природен гас, огромни трошоци кои ги наметнуваат операторите на системите за природен гас и електрична енергија, што го определија статусот на ТЕ-ТО како нерентабилна инвестиција.