Средствата во висина од 211.500 денари за реинкарнација што ги добила фирмата „Микомп“ ДООЕЛ од Прилеп од Владата се наменети за реинкарнација на предмети, а не на живи организми, се вели во реакцијата на фирмата.
Во рамките на тендерот за иновации на Фондот за иновации македонската влада објави дека ќе инвестира во реинкарнација, без да наведе за што точно станува збор.
Од сликата од официјалниот документ за доделените средства стои токму овој збор „реинкарнација“, како активност која е помогната од Владата.