Економија 14. јуни 2020. / 01:11

Развојната банка ќе склучи договори со 476 компании за кредити

Развојната банка ќе склучи договори со 476 компании за кредити

Развојната банка ќе склучи договори со 476 компании кои ќе добијат поддршк од 316.038.500 денари преку кредитната линија од Компнзационите фондови од странска помош со цел намалување на последиците од коронавирусот.

Владата донесе заклучок да се разгледаат можностите за обезбедување дополнителни средства заради големиот интерес од компаниите за овие мерки за намалување на последиците од корона вирусот Ковид-19.

На својата седница, Владата донесе измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување локални патишта за време на вонредна состојба, со кои, по претходна согласност од Светска банка, се овозможува преостанатите средства до 37 милиони евра од овој заем да се пренаменат за исплата на плати на работниците за месец јуни 2020 година, согласно мерката за финансиска поддршка за исплата на платите во висина од 14.500 денари.