Во јануари вкупните депозити се зголемени на годишна основа за 6,3%, при речиси еднаков раст на депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор, објави народната банка.
На годишно ниво, вкупните кредити пораснаа за 4,6%, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства“.