Економија 21. август 2018. / 12:56

Работниците во комисијата за инспекциски надзор пет месеци работат без плата

Работниците во комисијата за инспекциски надзор пет месеци работат без плата

Работниците во стручната служба на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка веќе петти месец се оставени без плата поради неименувањето на нов состав на Комисијата, по разрешувањето на претходниот од страна на Собранието на РМ на 19 март годинава.

Стручната служба на оваа Државна комисија се состои од 24 административни службеници и 4 работници распоредени во 3 сектори или вкупно 28 работници од кои поголем дел не живееат во Скопје и се принудени секојдневно да патуваат до главниот град за да стигнат на работа што претставува дополнителен трошок за нив. Помеѓу овие 28 вработени во службата има и бремени жени кои наскоро треба да се породат, а немаат здравствено осигурување, како и болни лица, чија состојба секојдневно се влошува од причина што немаат пари потребните лекови да ги набават на приватно.

„Здравственото осигурување за сите вработени во Државната комисија истече на 30.04.2018 година и со тоа од 01.05.2018 година не може да се оствари правото на лекување и земање лекови од аптеките на сметка на Фондот за здравствено осигурување, што предизвикува дополнителен трошок и проблем за сите вработени. Поголем дел од вработените секојдневно патуваат од Гостивар, Кочани, Тетово, Ку

Вработените во стручната служба на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка веќе петти месец се оставени без плата поради неименувањето на нов состав на Комисијата, по разрешувањето на претходниот од страна на Собранието на РМ на 19 март годинава.

Стручната служба на оваа Државна комисија се состои од 24 административни службеници и 4 работници распоредени во 3 сектори или вкупно 28 работници од кои поголем дел не живееат во Скопје и се принудени секојдневно да патуваат до главниот град за да стигнат на работа што претставува дополнителен трошок за нив. Помеѓу овие 28 вработени во службата има и бремени жени кои наскоро треба да се породат, а немаат здравствено осигурување, како и болни лица, чија состојба секојдневно се влошува од причина што немаат пари потребните лекови да ги набават на приватно.

„Здравственото осигурување за сите вработени во Државната комисија истече на 30.04.2018 година и со тоа од 01.05.2018 година не може да се оствари правото на лекување и земање лекови од аптеките на сметка на Фондот за здравствено осигурување, што предизвикува дополнителен трошок и проблем за сите вработени. Поголем дел од вработените секојдневно патуваат од Гостивар, Кочани, Тетово, Куманово, Илинден и ние веќе не сме во можност да го финансираме својот превоз до Скопје и назад. Сите вработени имаат кредитни обврски спрема банките и застој во исплата на платата веќе пет месеци. Поедноставно кажано, немаме пари ни да си ги платиме домашните сметки“, велат од стручната служба на Комисијата.

 

„Плата немаме земено 5 месеци, а можеби тоа ќе трае и подолго доколку Собранието не преземе мерки за избор на ново раководство. Ова драстично се одразува врз нашата економска состојба, од причина што со неисплатената плата има и неисплатена рата/рати за кои банките дополнително пресметуваат затезна камата“, велат од службата.