Економија 09. јули 2019. / 12:29

Работна средба меѓу Фондот за ПИО на Македонија и Департментот за пензии на Косово

Работна средба меѓу Фондот за ПИО на Македонија и Департментот за пензии на Косово

Денеска и утре во Скопје ќе се одржи работна средба меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Департаментот за пензии – Министерство за труд и социјална заштита на Република Косово.

На состанокот ќе се разговара за спроведувањето на билатералните договори за социјално осигурување, остварување на пензиските и инвалидските права, надлежностите на меѓувладините институции.

Исто така, ќе се разменуваат и искуства во врска со начинот на исплата на пензиите/бенефициите врз основа на Договорот за социјално осигурување во странство, размена на податоци и дискусија за други важни прашања кои се вклучени со билатералните договори.