Економија 16. јануари 2020. / 10:19

Првите два километри на Скопје – Блаце конечно ќе почнат да се градат

Првите два километри на Скопје – Блаце конечно ќе почнат да се градат

Во Владата  денеска ќе се потпише Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце. Договорот ќе го потпишат директорот на ЈП за Државни патишта Зоран Китанов и генералниот директор на А.Д. „Гранит“, Зоран Милковски.

На настанот, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања, воедно и во улога на координатор на Владата за проектот Скопје – Блаце, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.