Северна Македонија и Грција го потпишаа првиот билатерален договор – меморандум за разбирање за намалување на роаминг услугите, објави Независен.
Потпис на документот денеска во Владата ставија министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и грчкиот министер за дигитална политика, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас. Регулаторите во двете земји треба да ја одредат динамиката на намалувањето на роамингот, а првите придобивки се очекува граѓаните да ги почувствуваат пред почетокот на туристичката сезона, кога и ќе се зголеми протокот на луѓе меѓу двете земји.
И двајцата министри оценија дека Договорот од Преспа отвора нови перспективи на сите полиња меѓу двете земји. Министерот Папас се заблагодари на, како што рече, одличното гостопримство, а Договорот од Преспа го нарече „договор за луѓето – за нивниот подобар живот“