Економија 07. февруари 2020. / 18:36

Просечната пензија годинава ќе изнесува 15.500 денари

Просечната пензија годинава ќе изнесува 15.500 денари

Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ се сретнаа со пензионерите во Гевгелија со кои разговараа за актуелните прашања поврзани со повозрасните граѓани како и за исплатеното зголемување на пензиите, соопшти кабинетот на Царовска.

За две и пол години, односно за не цел мандат со водење на одговорно економски политики успеавме да направиме пресврт во економијата и да го подобриме животниот стандард. Граѓаните тоа веќе го чувствуваат со повисоки пензии за 722 денари исплатени на 324 илјади пензионери. Ова зголемување ќе влезе во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки – изјави Царовска.

Дополнителната заменик министерка Шкријељ истакна дека со социјалната реформа се дава можност за развој на услуги на локално ниво како што е помош и нега за стари лица во домот и центри за активно и здраво стареење.

Навистина ми е драго што во Гевгелија 60 повозрасни граѓани го користат правото на социјална пензија коешто се воведе со имплементацијата на социјална реформа – посочи Шкријељ.

Цароска и Шкриљеј истакнаа дека со последното покачување на пензијата и дополнителните усогласувања просечната пензија во 2020 година ќе изнесува 15.500 денари. Вицепремиерката Царовска ги увери пензионерите дека системот е стабилизиран а приходите во Фондот се зголемени, а дефицитот е намален.