Економија 05. декември 2019. / 18:38

Пронајдено починато лице кај Миравци

Пронајдено починато лице кај Миравци

Во близина на Шумското складиште кај село Миравци, било пронајдено тело на починато лице, соопшти денеска СВР Струмица.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а екипа од полициската станица во Гевгелија констатирала дека се работи за лицето Н.С. (55) од село Давидово.

По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.