Економија 11. октомври 2020. / 12:21

Прометот од македонски производи на првиот ден бил зголемен трипати, информира УЈП

Прометот од македонски производи на првиот ден бил зголемен трипати, информира УЈП

На првиот ден од „Викенд без ДДВ“ вчера (10 октомври) прометот од македонски производи е зголемен за трипати, соопшти Управата за јавни приходи по обработените податоци.

На граѓаните кои вчера ја искористиле оваа мерка, ќе им се врати целосниот ДДВ за купените македонски производи / услуги, како и за купена компјутерска опрема, во рок од 15 дена од издадената сметка односно до крајот на овој месец, соопшти УЈП.

Мерката трае заклучно со утре, 12 октомври, а граѓаните треба да ги скенираат сметките во рок од три дена по нивното издавање.