Економија

Производителите на праска пред банкрот – продажната цена 2 денари по килограм

Производителите на праска пред банкрот – продажната цена 2 денари по килограм

Производителите на праска од Росоман се жалат на екстремно ниските откупни цени на праската кои изнесуваат катастрофални 2 денари по килограм праска за сокови. Ваквите цени ги донесоа производителите на праска до работ на егзистенцијата и банкрот. Со оваа откупна цена не може ни да се вратат вложените пари велат производителит, а некои од нив пак се сеќаваат на подобри времиња и велат дека во минатото откупните цени биле многу повисоки, а нивниот бизнис цветал.

Доколку навистина ги погледнете откупните цени на праската за сок во минатото ќе дојдете до истиот заклучок, откупните цени на праската за сок денес се за четири пати помали од откупната цена во 2016 година.

Овој проблем не е од годинава, да се потсетиме дека и лани производителите на праска беа незадоволни од цената и недостатокот на пласманот, а голем дел од нив во знак на протест го расфрлаа родот по улиците. Од страна на министерот од редовите на СДСМ Љупчо Николовски во повеќе наврати им беше ветувано решение и зголемување на откупните цени, но до ден денес решение нема, а цената продолжува со надолниот тренд.