Економија 20. август 2019. / 18:17

Продолжува забраната од Косово за извоз на македонски компир и мед

Продолжува забраната од Косово за извоз на македонски компир и мед

Забраните за извоз на македонските компир и мед и косовските икри и рибен материјал меѓу Скопје и Приштина засега остануваат, информираше министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска се сретна со косовскиот колега Ендрит Шаља.

Сепак, напредок за надминување на трговската војна има. Двајцата се договориле Косово што поскоро да ги исполни стандардите потребни за увоз на икри.

Се очекува косовската страна условите да ги исполни до почетокот на наредната недела, по што Агенцијата за храна и ветеринарство ќе пресече – дали забраните за извоз паѓаат.

Домашните институции уверуваат дека македонските граѓани користат безбедни прехранбени продукти.