На 65. седница Владата донесе Одлука за измена и дополнување на Протоколот за редовна работа на моловите, со која работното време на овие објекти се определува во периодот од 10 до 22 часот, со исклучок на недела, која останува неработен ден.
Со претходно важечкиот протокол, моловите работеа со скратено време од 10 до 18 часот, секој ден освен недела која беше одредена за неработен ден.