Економија 09. мај 2018. / 15:31

Продолжен рокот за пријавување субвенции за млеко

Продолжен рокот за пријавување субвенции за млеко

Сточарите кои го предале млекото од октомври до декември 2017 годиназа да ги добијат субвенциите барањатанаместо до 16-ти ќе можат да ги доставуваат до 23-ти мај. Финансиската поддршка изнесува 3,5 денари за кравјо, а 4 денари за овчо и за козјо млеко.

Млекопроизводителите имаат дополнителни денови за да се пријавуваат за субвенции за произведеното и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од октомври до декември 2017 година.

Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар кравјо и 4 за овчо и козјо млеко.

Барањата се поднесуваат по електронски пат до 23-ти мај во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

Продолжувањето на роковите нема да влијае врз динамиката на исплатата на субвенциите, велат од министерството за земјоделство.

До овој рок се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка во живинарството за несилки набавени исто така од октомври до декември лани.

За секоја купена несилка за производство на јајца ќе се добиваат по 100 денари.