Повеќе да не се одложува либерализацијата на поштенските дејности и да се укине монополот на Македонска пошта бареа Сојузот на стопански комори по направените анализа за оваа област.
Сметаат дека граѓаните заслужуваат подобри поквалитетни и посовремени услови за прием на писма и пратки. Либерализцијата треба да стартува на почетокот на следната година.
„Што поголема либерализација по можност за учество на повеќе компании на слободен пазар, дава можност за обезбедување на поквалитетни услуги за сите клиенти на поштенските услуги. Подобро е кога имаме еден либерализиран пазар.“ – вели Александар Милошевски – потпретседател на ССК.
Од Сојузот на стопански комори велат дека за развој на поштенскиот пазар и зголемување на задоволството кај крајните корисници потребно е да се применат нови трендови во брзината и сигурноста на достава на поштенски пратки, напредни софтверски решенија, како алатки за следење на пратките.
„Согласно извештајите на Агенцијата за пошти во делот на квалитетот на услугите, најмногу клиентите во изминатиот период 2016-2017 се жалеле на брзината на доставата на поштенските пратки и од тој дел скоро 90% биле поплаки на достава на препорачаните писма.“ – вели Милошевски.
За период од 2016 и 2017 година биле доставени над четири илјади рекламации за доставата преку „Македонска пошта“, а дури 322 за другите даватели на поштенски услуги во земјава покажуваат податоците на Сојузот на стопански комори.