Економија 23. февруари 2021. / 15:59

Превозниците ќе возат со 75 отсто од капацитетот на возилата

Превозниците ќе возат со 75 отсто од капацитетот на возилата

Владата ја прифати согласноста на Комисијата за заразни болести по барањето на група општински и меѓуопштински превозници да се зголеми дозволениот број патници од 50 на 75 отсто во превозните средства.

Оваа одлука е донесена на денешната редовна 47. седница.

Ограничувањето на бројот на патници е воведено поради ковид пандемијата.