Економија 12. март 2020. / 13:15

Премиерот Спасовски ќе одржи координација на економските ресори во Владата

Премиерот Спасовски ќе одржи координација на економските ресори во Владата

Премиерот Оливер Спасовски денеска во 16 часот ќе одржи координација на економските ресори во Владата за анализа на ефектите од коронавирусот врз економијата и утврдување чекори и мерки за санирање на штетите.

Претходно, денеска лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива ќе имаат координација со премиерот Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот.