Економија 26. јануари 2020. / 13:13

Предвидени 1,4 милијарда денари за мерки за вработување со кои ќе се опфатат 11.761 луѓе

Предвидени 1,4 милијарда денари за мерки за вработување со кои ќе се опфатат 11.761 луѓе

Преку оперативниот план за активните мерки и активности за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година се планирани 1,4 милијарди денари од кои 1,3 милијарди денари ќе ги обезбеди државата додека останатите средства се обезбедени преку партнерски организации (140 милиони денари). Очекувањата се дека во оваа програма ќе бидат вклучени 11.761 лице и да има рамномерен опфат на мажи и жени, фокусот да биде најмногу на лица до 29 години и програмата има рамномерна регионална застапеност.

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, упати апел до сите граѓани кои бараат работа да не чекаат и да аплицираат за мерките на Агенцијата за вработување и да ги прифатат шансите што се наменети за сите граѓани.

Тој истакна дека се обезбедува континуитет на една од најуспешните мерки на Владата во изминатиот период.

– За две и пол години со овие мерки над се вработени 59.000 граѓани, а невработеноста да ја намалиме на рекордно ниско ниво од 17,1 отсто, што е намалување за 5,5 процентни поени – изјави Спасовски.