Економија 15. ноември 2019. / 12:34

Предизборни вработувања во полн ек, падна системот за пренос на полагањата

Предизборни вработувања во полн ек, падна системот за пренос на полагањата

Секојдневно во јавноста излегуваат огласи за вработувања на лица во државните институции. Имено сето ова се случува во период кога на повидок се подготовките на предвремените парламентарни избори.

Иако има голем број на огласи како што дознаат наши добро упатени избори во Агенцијата за администрација секојдневно се полагаа испитите кои задолжително се снимаат и се пренесуваат во живо на веб страницата на Агенцијата. Но, вчера и денес страната на агенцијата не во функција, односно не е достапна за граѓаните, со што се отвара сомнеж за нерегуларности.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес конференција пред неколку дена изјави дека огласите за нови вработувања се распишани и ќе продолжат да се распишуваат. Имено вработувањата нема да се стопираат заради изборите, бидејќи институциите имале потреба.

Но, кога СДСМ беше во опозиција секојдневно посочуваа дека администацијата во државата е преполна со вработени.

За оваа постапка на СДСМ и Манчевски обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ на овој начин врши поткуп на гласачи преку вработување во државна администрација. Имено од партијата укажаа дека во периодот од 20.10.2019 година до денес, објавени се над 1.200 јавни огласи за вработување, за над 2.200 извршители во институции, на определено и неопределено работно време.