Економија 16. октомври 2018. / 15:17

Потпишан договорот за доизградба на патот до росоманското село Мрзен

Потпишан договорот за доизградба на патот до росоманското село Мрзен

Ќе се доградува локалниот пат од росоманското село Камен Дол до соседното село Мрзен.

Договорот денеска го потпишаа градоначалникот на Росоман Бранко Јанев и претставник на фирмата којашто ќе ги изведува градежните работи.

– Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а е кофинансиран од росоманската локална самоуправа, информираат од Службата за односи со јавноста при општината.

Вкупната сума на инвестицијата е 3.401.173 денари.