Економија 05. март 2020. / 14:55

Поштенските услуги преку ноќ поскапеа

Поштенските услуги преку ноќ поскапеа

Поштенските услуги преку ноќ поскапеа, се жалат граѓани и бизнисмени кои редовно ги користат услугите на Пошта на Северна Македонија . Од таму пак појаснуваат дека новата цена е поради усогласувањето на универзалната услуга со Законот за поштенски услуги, анализира Плусинфо.

Според законот, се укинуваат стапките на тежина на пратките „до 20 грама“ и „од 20 до 50“ грама и се воведува една стапка на тежина до 50 грама.

За обично писмо денеска ми наплатија поштенска услуга од 25 денари. Досега ми наплаќаа 18 денари од плико. Кога реагирав вработената на шалтерот ми кажа дека има нова цена и нова грамажа. Дополнително, поскапени се и услугите на препорачаното писмо на 79 денари, додека вредносните пратки сега чинат 115 денари – се жалат граѓани и бизнисмени кои редовно ги користат услугите на Поштите.

Целата вест на Плусинфо.