Економија 24. октомври 2018. / 18:37

Поранешниот градоначалник на Демир Капија, приведен од Финансиската Полиција

Поранешниот градоначалник на Демир Капија, приведен од Финансиската Полиција

Четири лица од Демир Капија, меѓу кои и поранешен градоначалник и претседател на Советот на општината, се приведени денеска на информативен разговор во Финансиската полиција.

Од Управата за финансиска полиција за МИА потврдија дека лицата се приведени и дека се врши информативен разговор и оти по разговорот во соработка со јавно обвинителство ќе се одлучи за понатамошна постапка./МИА