Економија 26. ноември 2018. / 13:27

Поради жалбите за загадувањето во Цементарница УСЈЕ ќе биде извршен инспекциски надзор

Поради жалбите за загадувањето во Цементарница УСЈЕ ќе биде извршен инспекциски надзор

По многубројните претставки и јавувања во врска со работењето на АД Титан – Цементарница УСЈЕ, Инспекторатот на град Скопје поднесе барање да биде извршен инспекциски надзор согласно надлежностите на Државниот инспекторат за животна средина.

По многубројните жалби од граѓаните за загадувањето, Град Скопје се реши на ваков потег, a се работи за инсталација која што подлежи на издавање на А-интегрирана еколошка дозвола и со тоа надлежноста за инспекциски надзор е во ингеренци на ДИЖС.