Турски инвеститори во земјоделскиот сектор трета година чекаат на државни ниви за да отворат центар за производство на саден материјал, откуп и извоз на ореви од сортата Чендлер – проект вреден милион евра.
Оваа инвестиција има огромно значење за македонското земјоделство бидејќи ќе придонесе земјава да стане центар на Балканот за производство на ореви и извоз на садници од ореви. Целиот проект е замислен да биде во партнерство со земјоделскиот факултет со стипендирање на студенти и пренос на 20 годишното искуство во производството на ореви од сортата Чендлер, но инвеститорите никако да дојдат до државно земјоделско земјиште.
–Ние пред три години дојдовме во Македонија со инвестициски проект специјално наменет за оревите. Кога беше вашиот амбасадорот во Турција со него имавме средба и не покани – дојдете и инвестирајте во Македонија има многу слободни површини погодни за инвестирање. Потоа дојдовме во Македонија, направивме една анализа, подготвивме инвестициски проект и го поднесовме во министерството за земјоделство по што добивме одговор дека планот е добар и може да се инвестира. За цело тоа време ги следевме и отворените огласи на министерството за поделба на државната земја и конкуриравме за места кои беа погодни за подигање на насад со ореви. Но огласи има многу ретко и многу малку површини се огласуваат што имаат доволно големина според нашите потреби за инвестирање. – изјави Ергун Илмаз инвеститор од Турција.
Од опитното поле во Долно Лисиче од Скопје кое е во склоп на факултетот за земјоделски науки велат дека се уште постои надеж да се реализира оваа идеја која ќе донесе вистински бум во македонското земјоделство, ќе ја донесе технологијата на производство што ќе помогне директно за подигање на многу насади под ореви од сортата Чендлер.
Министерството за земјоделство е запознаено со намерите за инвестирање и како што велат од таму тие се во постојан контакт со турскиот инвеститор но на јавното наддавање немале најголема понуда. Министерството и понатаму останува отворено за утврдување и изнаоѓање на други соодветни парцели за нивната инвестиција со ореови насади се вели во нивниот став.
Инвеститорите по изгубените години чекање веќе уморни и разочарани од административните бариери и размислуваат да прифатат некоја од понудите на Бугарија и Романија својата инвестиција да ја реализираат таму. Посочуваат дека партнерите инвеститори од Турција подолг период прашуваат какви се административните услови за инвестирање во Македонија а тие со своето искуство не знаат како да им кажат дали и тие да дојдат да инвестираат