Зависници од дрога без рецепт и без никаков проблем земале метадон и други лекови со опијатно дејство во Велес. По координирана акција на полицијата и МАЛМЕД, од вчера две аптеки во овој град добија клуч на врата а претрес бил направен и во домот на сопственикот на објектите.
Од извршените надзори се констатирани неправилности во работењето на двете аптеки, меѓудругото е утврдено дека на пациентите се издавани лекови без рецепт кои припаѓаат на групата антибиотици, седативи и аналгетици со опијатно дејство со што е постапено спротивно на одредбите од Законот за лековите и медицинските средства, стои во писмениот одговор од Агенцијата за лекови.