Како резултат на коронавирусот и последиците кои допрва ќе ги претрпи македонското стопанство, Владата се мобилизираше и донесе неколку сет мерки, а по притисокот од јавноста и македонските банки информираа дека ќе го одложат исплаќањето на ратите од кредитите до шест месеци.
Македонската банкарска асоцијација, соопшти дека одложување ќе трае најдоцна до крајот на септември оваа година.
Сепак овие мерки и соопштенија на дел од банките, внесоа забуни кај граѓаните кои имаат обврски по основ на кредити. Одлуките кои едвај се очекуваа, внесоа недоумица кај дел од населението.
Некои по социјалните мрежи веќе реагираат дека не е јасно од оваа одлука дали за тој период на одлагање од шест месеци, банките ќе продолжат да ја пресметуваат каматата на кредитите. Доколку е така, велат тие, каква ќе биде тогаш реално помошта за кредитокорисниците. Исто така, некои граѓани се надеваа дека ќе има ослободување од дел од обврските, а не тоа да биде само нивно одложување.
Сепак за појаснување, поисплатливо е да си го плаќате кредитот доколку имате можност.
Олеснувањето е само од аспект кога на некого во овој момент му е премногу тешко да ги плаќа ратите од кредитот. Пример, доколку имате кредит и треба да плаќате до 02. 2022, сега доколку ги прифатите условите на банката ( за три месеци одложување) ќе треба да плаќате до 05. 2022, односно за толку ти се зголемува кредитот, а со тоа автоматски за тие месеци ќе плаќате и камата.
Во изминатите неколку денови, неколку банки пратија соопштенија дека овозможуваат одлагање на отплатата на кредитните обврски до шест месеци со што самите банки се пофалија дека биле општествено одговорни и дека им излегуваат во пресрет на граѓаните и компаниите, кои веќе се соочуваат или во натамошниот период би можело да се соочат со големи проблеми заради корона-кризата.
Од Комерцијална банка, на пример информираа дека
Во периодот на одложување ќе се евидентира камата ,но нема да се наплаќа. Пресметаната камата за одложениот период ќе биде доспеана на крајот на грејс периодот и истата ќе биде договорно регулирана.
Во соопштението од Халк која уште во петокот донесе одлука стои дека редовната камата за овој период ќе биде договорно регулирана по 6 месеци.
НЛБ Банка на сите физичките лица ќе им понуди можност за одложување на отплатата на кредитите до 6 месеци заклучно со 30.09.2020, како и рефинансирање на постоечките кредити, одобрување на нови кредити со можност за користење на грејс период или редовна отплата на постоечките кредити, по избор на клиентите.