Собранијата на акционери на Охридска банка и на Шпаркасе банка денеска донесоа одлука да започнат постапка за присоединување на двете банки пред Народна банка.
Од „Охридска банка“ информираат дека целокупниот имот и обврски на банката ќе се пренесат во замена на акции од Шпаркасе Банка Македонија, без спроведување на процес на ликвидација.
Акционерите на Охридска банка ќе се стекнат со акции на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во сооднос што ќе биде пресметан во согласност со применливата регулатива и утврден во Спогодбата за присоединување. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за целите на размената, ќе ја зголеми основната главнина со издавање на акции преку приватна понуда, во согласност со применливата регулатива за вршење статусни промени, се вели во соопштението.
Надзорните одбори на двете банки ќе случат спогодба за присоединување која ќе биде полноважна по одобрувањето од страна на собранијата на акционери, по претходно добиена дозвола за статусот на промена од гувернерот на Народната банка.
Сакаме да воспоставиме стабилна и добро капитализирана банка со пазарен удел од над 12 проценти. Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ е посветена да ја поддржи економијата во С. Македонија, да биде доверлив партнер, бидејќи ние сме долгорочен стратешки партнер во С. Македонија. Комбинираната банка со нејзиното искуство ибсеопфатност ќе претставува силен партнер и за интернационалните и за компании иннинвеститори од ЕУ што се активни во С. Македонија. Со интеграцијата на дветеббанки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, ние ќе бидемеедна од водечките универзални банки во Република С. Македонија, изјави ГеоргБухер, член на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе.