Економија 03. февруари 2020. / 15:27

Почна исплатата на „МојДДВ“ за второто тримесечје

Почна исплатата на „МојДДВ“ за второто тримесечје

Започна исплатата за второто тримесечје на „МојДДВ“. На сметките на апликацијата МојДДВ кои скенирале фискални сметки во месеците октомври, ноември и декември 2019 година, ќе бидат исплатени 3.871.000 евра, објави попладнево директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на својот Фејбук профил.

– Управата за јавни приходи уште еднаш апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешка во внесувањето, да ја коригираат со цел навремена и ефикасна исплата, напиша Лукаревска.

Според податоците што таа ги објави, во периодот од 1 јули лани до 31 јануари годинава апликацијата МојДДВ ја користеле 236.442 корисници, а скенирани се 66,885 милиони фискални сметки. Остварен е промет од 32,456 милијарди денари. Вкупно остварниот ДДВ е 3,512 милијарди денари, а повратот на ДДВ е 526,8 милиони денари или 8.567.000 евра.

Само во јануари годинава има нови 23,387 корисници на апликацијата и вкупниот поврат на ДДВ заклучно со 31 јануари изнесува 1.724.000 евра.