Економија 17. мај 2020. / 12:02

Петров: Одобрена е поддршка за исплата на плати за над 103.000 вработени

Петров: Одобрена е поддршка за исплата на плати за над 103.000 вработени

Со мерката за финансиска поддршка од 14,500 денари по вработен заедно со работодавачите се изборивме да ги зачуваме работните места на нашите сограѓани, порача на прес-конференција Коста Петров, портпарол на СДСМ.

Управата за јавни приходи информира дека на 16.546 компании со 103, 307 вработени веќе им е одобрена финансиска поддршка за исплата на плати за месец април 2020. Вкупниот износ на одобрената финансиска поддршка досега изнесува 1 447 278 909 денари.

-Со бескаматните кредити од линијата КОВИД 1 и КОВИД 2, им овозможуваме на македонските компании успешно да се справат со оваа криза но и да инвестираат во нови продукти и услуги, порача Петров. потсетувајќи дека бескаматната кредитна линија ,,Ковид 1″ е веќе целосно реализирана и одобрени се 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени а за бескаматната кредитна линија Ковид 2, заклучно 13ти мај, завршија 15те дена од јавниот повик за аплицирање и поред информациите кои ги има банката, пристигнати се околу 4.340 апликации.

Со ребалансот на буџетот, додава тој, се забрзува процесот на оправување на македонската економија преку финансирање на мерките за надминување на последиците од корона кризата. Со овие мерки, заеднички ќе ја трансформираме нашата економија но и ќе ја зголемиме нејзината конкурентност.

-Со дополнителни 3 милијарди денари на КОВИД програмата, креираме мерки за стимулација на приватната потрошувачка а со дополнителни 600 милиони денари овозможуваме и поголема поддршка за македонскиот туризам, изјави портпаролот на СДСМ.

За социјална заштита поврзана со ефектите од КОВИД-19 се распоредуваат 350 милиони денари, а исто толку и за Фондот за здравство. За Министерство за здравство обезбедени се 300 милиони денари, а обезбедени се и 350 милиони денари за младите да се стекнат со ИТ и дигитални вештини кои ќе им овозможат брзо вработување во новата економија.

-Алоциравме и 150 милиони денари за исплата на надомест за невработеност во Агенцијата за вработување и 60 милиони денари за национално кофинансирање за нова кредитна линија преку Развојната банка на Северна Македонија, рече Петров.